жестоки критики до италијанскиот премиер силвио берлускони за несекојдневниот комплимент до новиот американски претседател. „обама е млад, убав и исончан човек“, изјави берлускони.
со транспаренти на кои пишува „подобро да си исончан, отколку да бидеш ќелаво џуџе“, жителите на италија го изразија своето незадоволство од овој гаф на берлускони.
„ова е голем гаф, берлускони ќе мора да си ги повлече зборовите. тогаш ќе се брани дека ова е грешка на обама зошто ставил премногу шминка насебе и затоа не знаел дека е афро-американец“, изјави жител на италија.
опозицијата во италија смета дека берлускони паднал многу ниско и побара веднаш да му се извини на обама, сметајќи дека ваквиот коментар негативно ќе влијае врз имиџот на италија на меѓународна сцена.
„многу сум разочаран со изјавата на премиерот за една толку важна работа за светот и сад “, вели џин леонард туади, член на парламентот во италија.
партијата на берлускони излезе во негова заштита, објаснувајќи дека шегата на премиерот е само хумористична забелешка, која би ја направил секој повозрасен човек кон својот помлад член од семејството.
берлускони е познат по своите невкусни шеги, но овојпат неговите жртви не се жените, сексот или комунистите, туку новиот американски претседател.
на оние кои го критикуваат и со тоа покажуваат дека немаат чувство за хумор, берлускони ветил дека ќе им врачи награда „за најголем глупак“.
__________________